Според општината на овој провинциски град, новите мерки за регулација на сексуалната работа се темелат
на Шведскиот модел, закон донесен од 1999 година, со кој се криминализира купувањето на сексуални
услуги. Овој закон исто така е воведен во Норвешка, Исланд и Канада.
Иако овој закон се промовира како успешен во повеќе земји, сепак постојат нови статистики кои го тврдат
спротивното. Полицијата од Малме во 2001 година објави дека нема докази за намалување на насилството
по донесувањето на тој закон, но постои статистика која, напротив, укажува на негово зголемување. Во 2008
година Шведската национална единица за трговија со луѓе изјави дека проституцијата е намалена за 40 %,
за подоцна во 2010 година да признае дека политиката не успеала и дека сепак, бројот на проститутки се
зголемил во Шведска како што и било наведено во медиумите кои спровеле истражувања токму на оваа
тема.
Идеологијата на креаторите на овој модел е дека „сите сексуални работници се жртви“, базирајќи ја на
многу едноставна политика – „ако нема кој да купува, ќе нема кој да продава“. Погрешно!!!
Со овој начин на регулирање на сексуалната работа, не се намалува бројот на сексуалните работници,
напротив тие уште повеќе се дават во дното, принудени да се кријат, тајно да нудат услуги, да работат во
подземјето.
3