Шведски модел - Клиентите на
сексуалните работници во Шпанија
добиваат казни на нивните
домашни адреси
Според Шведскиот модел за регулација на сексуалната работа во земјите од Европа кои го воведоа овој
закон, купувањето на сексуална услуга се казнува, но не и продавањето. Па така, во Гава, шпанска
провинциска општина во Каталонија со намера да ја исчисти проституцијата од улиците и да ги елиминира
клиентите кои купуваат сексуални услуги започна да испраќа казни на нивните семејства. На овој начин,
општината смета дека ќе го намали бројот на сексуални работници кои најчесто работат на улиците во Гава,
доколку ги казнуваат нивните клиенти со парични казни.
Локалниот совет заклучи дека сексуалната работа и понатаму постои во овој град, и покрај воведените
мерки од Шведскиот модел, бидејќи клиентите се тие кои финансиски ги одржуваат сексуалните работници
а сепак остануваат во тајност.
„До сега, клиентот плаќаше парична казна во полиција, плаќајки во готово, па нема никаков запис за
прекршокот. Исто како ништо да не се случило," вели Гема Бадија, Министер за труд и социјална политика
во неговото интервју за шпанскиот весник ABC.
Како резултат на тоа, властите одлучиле полициските службеници во оваа црвена зона која се наоѓа на
периферијата на Барселона да ги испраќаат казните на домашните адреси во обид да ги одвратат оние кои
имаат семејства повторно да ги користат услугите на локалните сексуални работници.
Дури и ако клиентот инсистира да плати пред да биде испратена паричната казна на домашна адреса, сепак
добивале писмо кои ги информира членовите на нивните семејства, сметајќи дека на овој начин ќе се
намали сексуалната работа.
2