Феминистките ги отфрлаат сексуалните работници, сметаат дека нивната сексуалност не се вклопува во нивната „ прифатлива " верзија за секс
„ Сексуалната работа и дава право на жената да си ги избере работните часови, цената на услугите, да избере дали сака да работи самостојно или со некоја посредувачка агенција, што во суштина е против верувањата и залагањата на патријахатот ", вели Енди, позната на своите клиенти како „ Диско гради ", во едно нејзино неодмна објавено видео. Енди е „ феминистичка " сексуална работничка.
Мнозинството феминистки сметаат дека сексуалната работа е „ анти-феминистичка " и целосно ги исклучуваат сексуалните работници од нивната идеологија за феминизмот. Може да се каже дека нивната „ борба со проституцијата“ трае со векови.
Голем број феминистички организации низ цел свет водат кампањи против сексуалната работа. „ Проституцијата е платено силување ", тврди Мелиса Фарли, која од 1990-тите се бори против сексуалните работници и работи во Demand Abolition. Во моментов изработува извештаи за организации за борба против сексуалната работа, со цел искоренување на оваа професија. Додека жените како Фарли имаат намера да ја прекинат сексуалната „ објективизација " на жените, тие ненамерно ги вртат жените едни против други. Но, сосема погрешиле за жените кои ја избрале сексуалната работа како своја професија со тоа што ги нарекуваат жртви. Сетете се, не сите сексуални работници се жртви на трговија со луѓе. Многу од нив се одлучуваат да ја работат оваа работа по свој избор, и воопшто не се се принудени.
Многу феминистки силно веруваат дека сексуалната работа е деградирачка. Според нив, тоа се жени кои се облекуваат вулгарно и немаат никаква самопочит. Многу често, овие „ феминистки“ знаат јавно да ги посрамотат жените кои работат како сексуални работнички.
Оваа верзија на феминизам ми е сосема неоправдана и би сакала да ви објаснам зошто. Живеам во општество, каде што сакам како и секој друг да излезам во петок навечер, да се опијанам и да завршам со некој Мистер Рандом во кревет. Но, еве го проблемот: Заборавам да понесам заштита, и имам секс без кондом, секако доколку Господин Х не носи со себе. Како општество, би рекла ОК е, на секому би можело тоа да му се случи на крајот на денот. Нели?
Но, ако отидам во хотел, го сретнам Мистер Рандом во било кој дел од денот, и поминам со него неколку часови на задоволство, секако „ заштитени“ и на крајот да бидам платена за тоа, веднаш ќе се прошират гласини, дека работам како проститутка, која го продава своето тело за пари!
Но, ако размислиш пологично, јас сум позаштитена во вториот случај. Го знам името на Мистер Рандом, неговиот број, и се наоѓам во хотел, опкружена со повеќе луѓе. Тотално сум свесна што правам, и имам целосна слобода да кажам ДА или НЕ. И се е тоа ОК, додека не се инволвираат парите, тогаш взаемното задоволство се стигматизира.
7