S-Work No.70 70 | Page 7

в Јас сум трансродова личност. Процесот на откривањето може да биде навистина изненадувачки и збунувачки Навистина ми е мило што постојат трансродови луѓе кои знаат кои се од самиот почеток, од моментот кога биле многу млади. Јас едноставно не сум дел од нив. Како дете, искрено не мислев многу на родот. Од време на време се чувствував збунето околу тоа зошто постојат различни родови идентитети, но во мојот ум се доживував поинаку од мојот постар брат, така што имало моменти кога се чувствуваа оние наметнати очекувања. Како некој што се бори со ментална болест од најрана возраст, моите тинејџерски години беа навистина тешки, во голема мера дефинирани со сложена траума и опсесивно-компулсивно нарушување. Немав прилика да размислувам за мојот пол и родов идентитет, верувајќи дека никогаш нема да добијам одобрување од надворешната околина. Се сеќавам во тоа време дека одев кај момчето, велејќи му дека размислувам да го променам стилот на облекување. Оваа можност конечно да се отворам ме возбуди, но тој тоа го отфрли. „Не мислам дека би те привлекувал повеќе од сега”, објасни тој. „Мислам дека твојата женственост е она што те прави атрактивна”. Стравот дека би можела да бидам отфрлена од најблиските, направи моето родово прашање да го поттиснам во најтемниот дел од мојот ум. Пораснав во заштитена средина. Мојот свет беше многу мал. И додека некои трансродови луѓе веднаш и интуитивно знаат кои се, јас поминав многу години живот во кои ми беше кажувано како треба да живеам. Мојот начин на справување со траумите и менталната болест беше отсликан во очекувањата што ги имаа луѓето од мене, со надеж дека ќе избегнам понатамошно зло. Колку повеќе се трудев да се вклопам, толку позаштитено се чувствував. Не треба да нe изненади фактот што толку многу луѓе полесно го поттиснуваат својот родов идентитет отколку да го прифатат. За транс луѓе кои се чувствуваат небезбедно, потребна им е поддршка. На многумина од нас сè уште ни недостасуваат модели, информации и безбедност, кои ни се потребни да продолжиме напред. Поттиснувањето на желбата да се изрази родот претставува една форма на самозаштита. Барем оваа дефиниција важеше за мене. Мојот живот конечно се промени кога запознав уште една трансродова личност додека студирав. Откако ја запознав, пронајдов храброст да почнам да го истражувам сопствениот тело. Семејството и пријателите кои долго време ме познаваа беа шокирани. Јас навистина не знаев што да кажам, освен да им одговорам со: „Еј, и јас сум изненадена”. 7