в
Светската здравствена организација официјално изјави дека трансродовоста не е ментална болест
Неодамна, Светската здравствена организација објави онлајн верзија на Меѓународната класификација на болести –( ICD 11) која ги отстранува трансродовите лица од листата на ментални и бихевиорални нарушувања. Оваа одлука претставува историско достигнување за транс заедницата која со години се бори против неправдата кон родовата различност.
За прв пат од 1992 година, Светската здравствена организацијата направи голема ревизија на Меѓународниот прирачник за болести и дијагнози, и меѓу другото голема промена во начинот на кој се третираат трансродовите лица. На 11-тата ревизија на Меѓународната класификација на болести( ICD 11) сите дијагнози поврзани со транс заедницата се отстранети од поглавјето „ Менталното нарушување на здравјето“.
„ Ова е резултат на огромните напори на трансродовите лица и активистите од целиот свет кои се борат за еднакви човекови права и прифаќање на заедницата, и искрено зачудена сум што СЗО се согласи дека родовиот идентитет не е ментална болест“, вели Јулиа Ерт, извршен директор на ТГЕУ.
Историски гледано, трансродовите лица се третираат како лица со ментално нарушувања на здравјето, што честопати резултирало со малтретирање, вознемирување или дискриминација на оваа заедница. Помеѓу 2007 и 2017 година, регистрирани се повеќе од 1700 убиства на трансродови лица. Во некои земји, се уште е нелегално да се „ претставуваш” како лице од спротивниот пол. Експертите се надеваат дека новата одлука на СЗО ќе помогне да се промени начинот на кој светот ги гледа трансродовите луѓе.
„ Се очекува да се намали стигмата и да се подобри општественото прифаќање на трансродовите лица”, вели Др. Лејл Сеи, координатор на СЗО во одделот за репродуктивно здравје и истражување. „ Во однос на обезбедувањето здравствена заштита, не очекуваме многу промени, бидејќи оваа категорија се уште ќе има место во Меѓународната класификација на болести. Всушност, тоа дури може да го зголеми пристапот, бидејќи ќе ја намали стигмата и ќе им помогне на поединците повеќе и почесто да бараат здравствена заштита“.
6