И навистина бев изненадена. Со секој чекор од мојата транзиција, мислев дека правам некаква грешка. Нели требаше да го сфатам ова порано? Дали можеби ова е само една чудна фаза? Зошто сега? Зошто ова?
Но, со секоја промена- облека, хормони и неодамна операција- станав посреќна, посигурна и посамоуверена личност. Јазлите што беа во мојот стомак толку долго колку што можев да се сетам, исчезнаа; мојата социјална анксиозност и страв почнаа да се топат. Најдов внатрешен мир кој никогаш порано не сум го почуствувала.
Знам многу луѓе кои исто како мене се изненадени да бидат трансродови. И зошто да не бидеме? Општеството ни кажува на илјадници различни начини дека транс луѓето се ретки необичности, ужасни грешки или, уште полошо, дека воопшто не постојат.
Пред неколку недели, направив операција за промена на полот. Кога влегов во операционата сала си помислив: „ Зарем сериозно го правам ова?” Знаев дека ова е она што ми требаше, а сепак бев се уште исплашена, но знаев дека морам да издржам. Сепак, кога се разбудив, олеснувањето што го чувствував беше повеќе од очигледно. Мојата прва мисла беше: „ Зошто не го направив ова пред десет години?”
На некои од нас им требаат години, дури и децении да се пронајдат себеси. Се уште се прашувам каков би бил мојот процес на транзиција доколку живеев во едно поотворено и поохрабрувачко општество. Мислам дека во тој случај реализацијата на тоа што сум јас вистински би се случила многу порано.
За сега, сепак, наоѓам некоја утеха во создавањето простор за транс луѓето да бидат изненадени од самите себе си. Навистина не е чудно да бидеме шокирани, особено во едно општество кое често ги испитува транс-луѓето и нивните родови идентитети пред да ги прифати. На крајот, иако трансродовоста знае да биде изненадувачка и збунувачка, сепак тоа не го менува фактот која сум јас. Всушност, тоа е едно од најдобрите изненадувања што ми го има дадено мојот живот.
8