S-Work No.70 70 | Page 3

сретнеме. Не можам да побарам препораки од други сексуални работници за клиентите. Многу пати, размената на информации и барањата за референци до сега ме имаат спасено од насилство, а можеби и од смрт.
За мене лично, добивањето референци за клиентите од други сексуални работници е исто толку важно колку што и пристапот до листата на лоши клиенти. Понекогаш не можеш да се потпреш на тоа што го велат клиените за себе, едноставно не знаш како ќе се однесуваат за време на сексот. Затоа е многу важно, ние кои се занимаваме со оваа работа да имаме можности да разговараме меѓусебно и да си споделуваме важни информации. Новиот закон само ја влоши нашата комуникација и не претвори во криминалци.
Кори Коктел – транссексуален работник, едукатор
Како транссексуален работник и пред новиот закон бев исклучен од повеќето мрежи за безбедност на сексуалната работа, бидејќи тие беа исклучиво наменети за жени. Сметам дека со донесувањето на SESTA / FOSTA само ќе ја влоши оваа маргинализација. Споделувањето на листите на лоши клиенти е една од алатките за безбедност и заштита на сексуалните работници како во САД, така и во другите земји.
Со донесувањето на новите закони во комбинација со дискриминацијата врз мојата заедница, очекувам мојата кариера набрзо да заврши. Овие нови закони само ќе им наштетат на квир и транссексуални работници, меѓу многу други сексуални работници. За мене ова е една голема измама.
3