Што прават сексуалните
работници кога нивната работа е
нелегална?
Дејн е сексуален работник кој има развиено
исклучително претпазливи мерки кога се среќава
со своите клиенти, особено ако средбите се
случуваат надвор од неговиот дом. Причина за
неговата претпазливост е апсењето кое речиси
за малку ќе му се случеше на една негова средба
со клиент, откако своите услуги ги рекламирал на
Интернет страница.
„Се сретнавме, влеговме во кола и почнавме да се возиме наоколу. Тој непрекинато зборуваше“,
вели Дејн. „Начинот на кој зборуваше беше чуден и можеше да се утврди дека не знае ништо за геј
сексот. За кратко, му реков да престане“. Тогаш полицаецот ја извадил својата значка, ставајќи го
Дејн во непријатна и застрашувачка ситуација.
Оттогаш, Дејн прави сè со цел да се осигура дека неговите клиенти се искрени во своите намери.
Тој претходно користел онлајн веб страници преку која имал можност да ги проверува своите
клиенти, меѓутоа сега овие онлјан мрежи се под надзор на полицијата.
Бидејќи неговата работа е нелегална во земјата каде што работи, сексуалните работници имаат
потежок пристап до правна, здравствена и социјална заштита. Како резултат на тоа, сексуалните
работници секојдневно се изложени на ризик и истите се соочуваат со финансиска нестабилност.
„Изнајмување обезбедување, ангажирање лични возачи, луѓе кои набљудуваат, договарање
пријатели за превоз или некој на кој би можеле да се јавите во секое време, е дел од начините
за заштита на сексуалните работници, иако сите овие луѓе се изложени на голем ризик да бидат
обвинети за кривично дело или подведување“, вели Максин Холовеј, сексуален работник, и
активист за заштита на правата на сексуалните работници. „Јас лично имам ангажирано возач и
лице од обезбедување, со цел да си ја олеснам работата. Кога има некој до мене се чувствувам
заштитено, но од друга страна пак, ризикот од вклучување на други лица во нелегален бизнис е
голем, и целиот тој товар го носам јас“.
„Еднаш имав клиент кој ме измами за пари”, вели Бен, сексуален работник од Сан Франциско.
„Немам кеш“, ми рече, „ќе може ли да ти платам со чек?“. Бев млад, не знаев многу за финансиите
и банкарството, и му реков: „Во ред, секако“. Откако отидов во банка, се испостави дека неговата
сметка е затворена, и никако не можев да си го подигнам парите“.
4