Сексуалните работници објаснуваат
како споделувањето на листата со
клиенти им го спасила животот
Неодамна во Америка се донесоа два нови закони (SESTA - Закон за спречување на сексуалната
злоупотреба на жената, и FOSTA – Закон за борба против трговијата со секс) за затворање на сите
Интернет страни преку кои сексуалните работници ги нудат своите сексуални услуги со цел да се
намали сексуалната експлотација. Овие закони беа потпишани од страна на Претседателот, а со тоа
голем број веб-страни и платформи исчезнаа или пак беа затворени. Сето ова негативно влијае врз
сексуалните работници кои ги користат овие страни пред сé за споделување на добри или лоши
искуства со клиентите, како и споделување контакти и важни информации со цел да се заштитат и
спречат насилство и малтретирање.
Сексуалните работници велат дека со новата одлука на Владата, тие се изложени на поголем ризик
од насилство и се плашат за нивниот живот. При тоа, ја потенцираат потребата од постоењето
на овие веб-страни и споделувањето на листите со клиенти кои на многу начини им ја олеснува
работата.
Лола Минаж – транссексуална работничка
Почнав да ја работам сексуалната работа на 17 годишна возраст. Прво работев како момче, па
како девојка, и сè што е помеѓу. На почетокот се борев да се извлечам од тие родови разлики,
додека живеев во физичкото тело кое го мразев. За да преживеам, почнав да работам како
сексуална работничка. Сметав дека овој начин на заработувачка е многу подобар од крадењето во
продавница. Со тек на времето, научив како да го направам мојот бизнис побезбеден и поспокоен,
при тоа следејќи ги примерите на другите од заедницата. Почнав да се чувствувам побезбедно и
посигурно.
Споделувањето на листата на клиентите ни овозможува да го откриеме ризичното однесување
кај истите, да спречиме насилно однесување, да ни даде упатства како да постапиме со одредени
клиенти. Едноставно сите важни информации за наша безбедност се споделува преку тие онлајн
платформи и мрежи. Без таа безбедност, сега повторно се враќаме на старото. Повторно ми е страв
некој да не ме убие, да не ме ограби. Сега повторно нема да носиме обетки и ѓердани поради
стравот некој да не не повреди.
Очекував повеќе од мојата земја отколку да не фрли назад на волците. Што ќе правиме сега?
Бела Вендета – сексуална работничка, стриптизерка и активист за правата на сексуалните
работници
До сега, имав свој скрининг процес, кој за жал со новиот закон стана нелегален. Повеќе не
можам да направам пред-сесија со моите клиенти, да им правам итервјуа преку Skype пред да се
2