S-Work No.68 68webedit | Page 4

Сексуалните работници од целиот свет повторно се здружија за да ги поддржат оние во заедницата кои се најмногу погодени од предлог-законот на САД. Голем број сексуални работници кои претходно нуделе сексуални услуги преку Интернет, сега повторно се враќаат на работа на улица со цел да остварат приход. Колку и да се борат сексуалните работници за својата безбедност и своите права, сепак ја немаат поддршката од феминистичките организации кои имаат најголеми платформи и најизразени гласови. Иако феминистичките организации тврдат дека ги поддржуваат сите жени, сепак го свртеа грбот кон оние на кои им треба најмногу гласови. Каде е сега нивниот хаштаг за поддршка на социјалните мрежи, нивните пораки на охрабрување? Каде е сестринството? Сексуалните работници веќе долго време им се непријатели. Феминистките велат дека фактот што имаат сексуални односи со мажи за пари ги ужаснува и мислат дека ако го користите телото за да заработите пари е исто како и продавање на вашата душа. Токму сега, жените умираат, а феминистките не се грижат. 4