S-Work No.68 68webedit | Seite 5

22 годишна девојка која ја заменила канцелариска работа со сексуална работа открива што всушност сакаат мажите Бела Лароу е 22 годишна девојка која неодамна ја заменила својата канцелариска работа за да работи како сексуална работничка. Таа сега работи како ескорт дама од висока класа и нуди сексуални услуги на познати личности и бизнисмени. Најчесто работи во хотели со 5 ѕвезди, на приватни јахти и авиони и на екстравагантни вечери како придружба. Бела заработува околу 300 фунти на час, т.е. 5000 фунти неделно. Оваа млада девојка од Перт, Австралија, открива што навистина сакаат мажите зад затворени врати и зошто започнала да работи како сексуална работничка. „Отсекогаш сум сакала да бидам во близина на богати луѓе, едноставно ме инспирирал нивниот начин на живеење. Затоа не е изненадување што решив да станам ексорт придружничка и горда сум на тоа”. Откако Бела слушнала за профитабилноста на оваа професија веднаш ја напуштила својата досадна работа, за која вели дека ја правела несреќна. „Откако ги открив ескорт профилите на Интернет, почнав да се рекламирам онлјан и да ги нудам моите услуги”, вели Бела. „Го сакам овој начин на живеење и работата како придружба ми дава слобода како што до сега не сум имала”. „Средината во која претходно работев беше токсична, моите колеги беа несреќни. Јас сум тип на личност која сака подинамично секојдневие”. Бела почнала да работи како ескорт девојка додека живеела во Сингапур, потоа повторно се вратила во Перт каде што сега работи како сексуална работничка со полно работно време. Таа работи со различни клиенти, но тврди дека пред да одлучи на кого да му ги понуди своите услуги, сите мора да поминат низ процес на проверка. „Имам најразлични клиенти, од неискусни млади луѓе, студенти, бегалци, женети мажи, разведени мажи, бизнисмени па се до самохрани тактовци”, вели Бела. 5