Зошто феминистките не се грижат за сексуалните работници – жртви на насилство?
Во изминатиот месец, во САД исчезнаа четиринаесет жени, а уште три беа убиени.
Вообичаено кога жени исчезнуваат или умираат, се пишуваат наслови по медиуми кои инстанто се шират низ целиот свет, се прават хаштази од познати личности кои ги твитаат нивните # ThoughtsAndPrayers, кои жалат за губењето на овие жени барајќи правда.
Но, овие жени се сексуални работнички, а многу од нив се дел од маргинализирани и ранливи заедници. Тишината од медиумите е заглушувачка: никој не се грижи, освен заедницата на сексуални работници. Информациите кои излегуваат во јавноста се претежно анегдотски, или пренесени од други сексуални работници, како предупредување за другите да не станат дел од оваа статистика.
Неодамна во САД се донесе закон со кој се забранува трговијата на онлајн сексуалните услуги. Овој закон речиси ја уништи независната заедница на сексуални работници. Според новиот закон, сопствениците на веб страните се одговорни за материјалот кој корисниците можат да го објават на нивната веб страна. Доколку ги рекламираат своите сексуални услуги, тие се сметаат за жртви на сексуална експлотација, а сопствениците, па дури и компаниите кои ги хостираат овие веб страни, се сметаат за трговци, т. е. истите се осомничени за криминал. Како резултат на тоа, многу веб страници се затворија без предупредување. Backpage е една од најголемите веб страни за лични контакти и услуги за возрасни, која беше симната од Интернет, пред да биде усвоен новиот закон.
Додека сето ова изгледа како ефективно решение за многумина да се реши проблемот со сексуалната трговија, сметајќи дека со затворање на платформите на Интернет ќе се намали трговијата со луѓе и сексуалната експлотација, сепак она што ќе се постигне со донесување на овој закон е намалување на важните ресурси за работа на сексуалните работници низ целиот свет, без кои тие нема да преживеат. Оттука секоја платформа или веб-страна која им помага на сексуалните работници да ја работат својата работа е под ризик да се затвори, а со тоа ќе се намали и безбедноста на сексуалните работници кои ги користат овие страни, пред сè за совети како да се заштитат од насилни клиенти.
Но, дали сето ова вреди, доколку се затворат сите веб страни за кои се смета дека се во сопственост на експлотатори? Не. Со губење на платформите за онлајн рекламирање кај сексуалните работници драстично ќе се намали можноста и способноста да ги проверуваат своите клиенти и истите нема да можат да ги предупредуваат другите сексуални работници за клиентите кои се опасни. Жртвите на трговијата со луѓе, исто така, ја губат значајната трага обезбедена од веб страните како Backpage: ако поединецот бил тргуван со користење на веб страната, ќе има конкретни докази преку рекламата што била користена.
3