На пример, решенијата предложени од повеќето мејнстрим феминистки за проблемите на
сексуалните работници се често поврзани со спроведување на законите или апсење на овие лица,
што очигледно не е нешто што еден сексуален работник кој полицијата ја смета за закана би го
поддржал. Важно е да се потенцира дека ако некој ја гледа сексуалната работа како своја професија
и начин на заработување, тогаш не треба тоа да претставува проблем.
„Без разлика дали сексуалниот работник ужива во својата работа или не, тоа не треба да влијае на
фактот дека сексуалните работниците имаат потреба да уживаат еднакви права”, вели Сабина.
На кратко, гласовите на сексуалните работници се игнорираат. Додека сексуалната работа е
стигматизирана и сексуалните работници се подложени на постојани закани дека нивните
клиенти ќе бидат казнети и/или затворени, и се додека самите се соочуваат со истите казни, тоа
само ја туркаат работата на маргинализираните луѓе се подлабоко во дупка, при тоа сексуалните
работници, без разлика дали се цис или транс, продолжуваат да паѓаат низ пукнатините создадени
од ова општество.
Се додека постои овој систематски проблем околу транс луѓето, и се додека сексуалната работа
е стигматизирана, критикувана и криминализирана, шансите за успех се многу мали. И кога сите
оние со пари и моќ продолжуваат да се обидуваат да го одземат единствениот извор на приход на
оваа маргиналзирана група, сите сексуални работници се во постојан ризик.
9