S-Work No.67 67 | Page 8

работа и затоа се вклучуваат во секс индустријата.
Сигурно се запрашувате: „ Зошто транс луѓето едноставно не се обидуваат да добијат редовна работа?” „ Настрана од систематските предрасуди кон транс луѓето, нашите непосредни околности често бараат да имаш пари во готовина. Поминав повеќе од една година како невработена. Иако имав неверојатни квалификации и писмо со препорака од мојот поранешен директор, никогаш не добив повратен одговор од интервјуата за работа. Поради тоа започнав да работам како сексуална работничка само за да платам за моите хормони. Многу луѓе кои се инволвирани во сексуалната работа би сакале да имаат редовна работа. Нашето општество едноставно не поддржува транс луѓе. Ние сме постојано маргинализирани, постојано сме изложени на потсмев и малтретирање не само во медиумите, туку и на улица“, вели Бенц.
Искоренување на стигмата
Благодарение на моќните транс жени како Џенет Мок, Лора Џејн Грејс, Лавер Кокс и Кејтлин Џенер, стигмата околу трансродовите лица полека почнува да се намалува, но сепак долг е патот до нејзиното целосно искоренување. Ова го потврди и Сабина Исца, транс-активистка и сексуален работник во едно нејзино неодамнешно интервју:
„ Во моментов, пронаоѓањето сигурна работа е тешко за многу луѓе. Но, добивам чувство дека многу работодавци не дискриминираат само по основ на родов идентитет и сексуална ориентација, туку и по раса и религија. Дури и лицата кои живеат со телесна и ментална попреченост се гледаат со презир исто како и трансродовите луѓе. Дури ако вашиот работодавец е во ред со тоа што сте транс, можно е колегите да не ве прифатат. Сепак општата јавност останува непознат фактор во прифаќање на трансродовите лица. Тешко е за транс лицата да работат во јавни институции особено на места како училишта, градинки каде што се работи со деца, многу е веројатно да ве гледаат како сексуални насилници. Да не ја заборавиме Луси Медоус која беше озогласена во медиумите поради тоа што беше транс-жена и учителка. Таа потоа изврши самоубиство”.
Транс жените се наоѓаат во тешка ситуација кога станува збор за нивно вработување. Медиумите и понатаму ги прикажуваат како насилници, со што пак се создава општо непријателско мислење за оваа маргинализирана група. Сексуалната индустрија често е единствениот извор на егзистенција за повеќето транс жени. Многубројни феминистички организации ги гледаат луѓето во сексуалната работа како луѓе кои треба да бидат „ спасени”, игнорирајќи го фактот дека тие влегуваат во секс индустријата по свој сопствен избор или околности.
„ Најголемиот проблем кај модерното феминистичко движење е тенденцијата да се фокусираат на прашања што се сметаат за тренд и кои се општо прифатени од најважните ликови на феминизмот, тоа се главно успешните жени, средната класа, хетеросексуалци со бела боја на кожата и вработените во медиумите.
Од друга страна пак, водејќи се од својата идеологија, тие имаат тенденција да ги замолчуваат и отфрлаат маргинализираните жени, како што се сексуалните работнички, жените со црна боја на кожата и транс жените, кои би можеле да имаат поразлична идеја за тоа што е најважно нешто на кое треба да се фокусираат.
8