в
Сексуалната работа и
трансродовите лица:
Истражување на стереотипите
Систематски проблем
Се чини дека има многу транс лица, особено транс жени, се вклучени во сексуалната индустрија.
Местата на кои транс лицата ги нудат своите услуги варираат, односно, можат да работат на улица
или пак како ескорти во апартмани или хотели, стриптизери/ки во клубови, до модели пред
веб камери. Во својата книга, „Редефинирање на реалноста“, водителката на So POPular и транс-
активистка Џенет Мок излезе во јавноста со изјава дека ја работела сексуална работа со цел да
заработи пари за да може да плати за операцијата на промена на полот. Следува прашањето: Зошто
има толку многу луѓе кои работат како сексуални работници?
Од демографски аспект, транс жените се тие кои најмногу се соочуваат со невработеност и
бездомништво во една нација и тоа низ целиот свет. Причините за нивната одлука да се вклучат во
сексуалната индустрија се пред сè од социјален и економски аспект. Постои побарувачка, а транс
жените започнуваат да ја работат сексуалната работа со цел истата да ја исполнат. Мис Бека Бенц
е трансродова жена која откако била отпуштена од својата работна позиција на која била долги
11 години, започнала да работи како сексуална работничка. Кратко по нејзината трансформација,
нејзиниот работодавец и рекол дека таа „повеќе не била квалификувана” да продолжи да работи,
прекршувајќи ги анти-дискриминаторските политики и закони кон транс луѓето. За да биде
иронијата поголема, во тоа време, Бека им помагала на ЛГБТ луѓето во подобрувањето на нивната
работна средина.
Бека Бенц не е единствена. Општеството има тенденција да ги гледа транс лицата преку многу
строги стереот ипи. Секој што има чувство дека не припаѓа на полот со кој е роден, го сметаат за
„ненормален”, дури во некои ектремни случаи за „одвратен”. Поради дискриминацијата и стигмата
со кои секојдневно се соочуваат транс лицата, тие се потешко можат да најдат работа. Сепак,
постојат голем број луѓе кои го кријат својот транс статус со цел да ја задржат својата работна
позиција.
И покрај многубројните револуционерни протести на трансродовите лица во 21-от век ширум
светот, тие се уште се исклучени од општеството. Транс лицата се родово дискриминирани и
се исклучени од законите за еднакви права и заштита. Тие многу често се отфрлени од своите
семејства, партнери или пријатели и не ја добиваат потребната емотивна или финансиска
поддршка.
Трансродовите лица се негативно претставени во општеството, особено во медиумите кои секогаш
ги претставуваат како нешто да не е во ред со нив. Многу често, медиумите ги сензационализираат
транс луѓето за поголем профит. Стигмата кон оваа маргинализирана група е многу поголема од
стигмата кон сексуалните работници. Поради тоа, трансродовите лица се потешко можат да најдат
7