S-Work No.67 67 | страница 6

„Црквата не осудува, така што луѓето не треба да ги судат сексуалните работници”, вели Мате. Стори признал дека „многу често религиознатите заедници, а посебно христијанската црква, промовираат криминализација на сексуалната работа.” Предлог за декриминализација на сексуалната работа На својата 54-та Изборна конференција во декември 2017 година, Африканската национална конференција (ANC) даде предлог за декриминализација на сексуалната работа. На 5-ти март 2018 година, се дебатираа препораките од страна на Комисијата за реформи на трудот на Јужна Африка (SALRC). На самитот присуствуваа повеќе здруженија и организации за заштита на правата на сексуалните работници меѓу кои и SWEAT, Sisonke и Asijiki. Според медиумскиот претставник на SWEAT, на самитот било предложено следново: „Од SALRC препорачуваат континуирана криминализација, но не и декриминализација”, вели Лесего Тивале. Таа изјави дека овие препораки ќе бидат оспорени од страна на SWEAT. 6