Црквата во Кејптаун повикува
на декриминализација на
сексуалната работа
„Исус бил првиот за декриминализација на сексуалната работа”, стои на банерот на црквата.
Пречесниот Отец Алан Стори од Централната методистичка црква во Кејптаун, заедно со членовите
на Азиската коалиција за декриминализација на сексуалната работа, минатиот месец кренаа знаме
пред црквата за поддршка на сексуалните работници.
На жолтиот банер поставен пред самата црква, било испишано: „Исус бил првиот за
декриминализација на сексуалната работа”.
Според Секретаријатот за образование и застапување на сексуалните работници (SWEAT), ова
е прва религиозна институција во Јужна Африка која има дадено јавна изјава за поддршка на
декриминализацијата на сексуалната работа во Јужна Африка.
„Криминализацијата на сексуалната работа ја направи оваа веќе ранлива група луѓе уште
поранлива”, вели Стори. „Несаканите последици од криминализацијата на сексуалната работа се
навистина ужасни”.
Тој објаснува дека криминализацијата на сексуалната работа не им дозволува на сексуалните
работници да инсистираат на безбедни сексуални практики со клиентите. „Ова ги прави
сексуалните работници да бидат повеќе изложени на сексуално преносливи болести”. Тој
додава дека поради социјалната стигма, им се отежнува пристапот на сексуалните работници до
здравствените услуги.
„Зборувајќи во име на сите сексуални работници во Јужна Африка, ние сме толку среќни што имаме
протестантски свештеници кои ги препознаваат сексуалните работници како човечки суштества”,
рече Памела Чакувинга, асистент на Националното движење на сексуални работници – Sisonke.
Чакувинга вели дека во Кејптуан постојат религиозни лидери кои мислат дека е лошо да се работи
сексуалната работа. „Тие велат дека сексуалната работа е демонска ... Тие се молат за сексуалните
работници да ја напуштат сексуалната работа”.
Констанс Нотандо Мате, координатор на Asijiki вели: „Би сакал да им укажам на сите христијански
свештеници дека не е нивна должност да судат. Само Бог може да го стори тоа. Тие се таму за да го
проповедаат Божјото Слово. “
5