„Сето тоа е ОК”, ми рече еден додека пиевме кафе, „Но, доколку сакаш да излегуваш со мене
ќе треба да си најдеш вистинска работа. И никој не смее да знае што си работела претходно”.
Веројатно требаше да му кажам дека пред да се согласи да излезе со мене требало да ме
побара на Google и да дознае нешто повеќе за мене.
Се разбира, дури и поставувањето на најглупавите прашања е подобро сценарио од
вистинската закана од насилство со која се соочуваат многу сексуални работници кога
зборуваат отворено за својата работа. Имам пријателки кои биле следени до дома и
прогонувани од мажи кои не можеле да разберат зошто нивниот состанок со сексуален
работник не завршил со возбуда, а други кои имале партнери се појавуваат ненајавено за
време на работата со клиент барајќи веднаш да се вратат дома со нив.
Па дури и тоа е подобро од физичкото насилство кое им се случува на сексуалните
работнички од своите интимни партнери. И мене ми се има случено на еден состанок. Ме
покани во неговата спална соба и ме држеше на сила инсистирајќи на секс без кондом.
Навистина не е лесно да се најде вистинскиот партнер кој би те поддржувал во се што
правиш. Сепак, верувам во љубовта, и од моето минато искуство, знам дека кога врските се
добри тогаш вреди да се бориш за нив.
Има едноставно денови кога се чувствувам благодарна што имам едноставен секс со
клиентите. Еден час, бакнеж во образот за збогум до следниот пат - кога само пронаоѓањето
на љубовта би било толку едноставно.
4