S-Work No.67 67 | Page 3

„Тоа е многу”, рече тој, а потоа се сврте на грб и се загледа во таванот. Повеќе не слушнав ни збор од него. Понекогаш ги изненадува луѓето да слушнат дека сексуалните работници прават се нормално како и сите други луѓе, откако ќе завршат со работа. Се образуваат, пазаруваат, вечераат со своите семејства и пријатели. Физичките и емотивните искуства што ги имаме на работа не секогаш се доволни за да се надомести недостатокот од интимна врска во нашите животи надвор од работата; така што многу од нас, исто така излегуваат на состаноци, иако тоа не успева секогаш. Пред неколку месеци, прекинав врска со маж со кој се гледав речиси две години. Приватно, тој беше огромен поддржувач на мојата работа, но секој пат кога требаше да ме претставува пред неговите колеги и пријатели се чинеше дека тонот на неговиот глас се менува: „Ова е Кејт ...”, потоа следуваше тишина, „... мојата девојка”. Не мислам дека тој лично имаше проблем со тоа што сум сексуален работник, но верувам дека му пречеше веројатноста другите луѓе да ми судат, а потоа да му судат и нему затоа што е со мене – тоа беше доволна причина да сака да ме задржи во тајност. Неодамна спуштив неколку онлјан апликации за запознавање на телефонот и почнав пак да се допишувам со момци, но сепак многу е тешко. Постојано ми се вртат милион прашања во глава: „Што да облечам“, „Каде би оделе?“, „Дали ми го има проверено профилот за работа?“, „Кога да му откријам што работам, пред вечерата или пред да си речеме добра ноќ?“, или едноставно да му го спомнам на сред вечера: „Виното е превкусно, јас сум курва. Може ли да ми ја подадеш солта?“ Совршеното сценарио би било кога би ме поддржал и би бил среќен што сум нашла работа во која уживам и која ги задоволува моите финансиски потреби. За жал, ова се случило само еднаш! - со тоа конечно сфаќам дека повеќето одговори паѓаат некаде помеѓу апсурдната фантазија и целосната објективизација. Понекогаш на состаноците се чуствувам како да сум на интервју. Ми поставуваат илјадници кратки прашања од стилот: „Која е најчудна та работа што си ја направила со клиент?“, „Дали некогаш си имала познат или богат клиент?“, „Дали сите клиенти се стари и грди?“ или „Тие не се нормални како мене, така?“ и милион други од кои ми се крева притисокот. Во други моменти, се случувало да ме прашуваат за тоа колку често одам на здравствени прегледи и како сум сигурна дека не сум носител на гонореа или пак други сексуални преносливи болести. 3