S-Work No.67 67 | Page 2

Какво е чувството да излегуваш на состанок со сексуален работник? Сексуалните работници тежнеат да ја пронајдат својата љубов исто како и сите други. Додека лежев во кревет со еден мој клиент, откако завршивме со секс, тој ненадејно се сврте накај мене, ме погледна во очи и ме праша: „Кој е твојот број?” Секако не мислеше на мојот телефонски број за работа. Се разбира, го знаеше, јас му го дадов неколку недели порано. Не, тој прашуваше за мојот друг број. „Со колку си спиела до сега?“, ме праша. „Јас со околу 40”, додаде тој. Никогаш не сум била одлична во математиката, но почнав да си правам пресметки во мојата глава. Со просечно околу четири резервации на ден, работејќи околу 45 недели во годината ... „О, боже, колку години работам до сега“? „Дефинитивно повеќе од две илјади”, реков. „Веројатно над три илјади, ако сум искрена”. Овој човек знаеше дека сум сексуален работник. Тоа го пишува и во описот на мојот профил. А сепак, гледав како на неговото лице се појави израз на одвратност, долната усна му висна и како се да му се сруши врз глава кога ја слушна бројката на мажи и клиенти со кои сум била досега. 2