в
Повеќе контрола, но и поголема несигурност: Како интернетот ми ја смени работата како сексуален работник?
Истражувачите на Универзитетите од Лестер и Стратклајд поминаа две години интервјуирајќи сексуални работници, организации за нивна поддршка и клиенти за потребите на студијата за сексуална работа базирана на Интернет. Во нивната студија „ Надвор од погледот”, истражувачите анкетирале 641 сексуален работник кои користат интернет за својата работа и 1323 клиенти. 80 % од оние кои користат Интернет рекле дека се задоволни од работните услови. Речиси две третини изјавија дека не би ја работеле сексуалната работа доколку немаат Интернет. Еден од интервјуираните сексуални работници изјавил: „ Доколку немавме Интернет, сè ќе се одвиваше тајно и сите ќе се плашеа”. Сепак, 80 % од испитаниците биле жртви на насилство во последните пет години и многумина доживеале малтретирање и добивале закани.
Како е да се работи онлјан
Елиза Харпер, има 42 години и започнала да работи како сексуален работник во доцните триесетти години откако се преселила во Лондон. На почетокот работела во бордел, некаде околку 6 месеци, а потоа заминала да работи како независен сексуален работник. Таа отворено зборува за тоа како се менува сексуалната работа со тек на времето.
Флексибилност
Харпер вели дека сексуалната работа и дозволува да биде флексибилна. „ Јас сум привилегирана личност со тоа што имав добро образование, но сепак тешките проблеми со менталното здравје и физичките недостатоци го отежнуваат одржувањето на редовната работа”, објаснува таа.
Самостојност
За разлика од кога работела во бордел, нудењето сексуални услуги преку Интернет и дава поголема слобода. „ Не ви е потребен некој друг да го стори тоа за вас и се што ќе заработите е ваше, имате 100 процентна заработувачка, при тоа сами ги избирате вашите клиенти, со претходна направена проценка”.
„ Доколку работите во бордел, треба да платите“ кирија”, и секако куќата сака да заработи многу пари, и тоа што го заработуваат зависи од вас. Затоа, не е лесно да преговарате за нудење услуги со клиенти кои понекогаш и воопшто не сакате да ги имате”.
„ Некои од клиентите со кои работев беа ужасни и тие дефинитивно не се како клиентите со кои работам сега како самостоен сексуален работник”.
10