S-Work No.67 67 | Page 11

Проценка на клиентите „Нудењето на услуги преку Интернет ми овозможува пред да закажам состанок со некој клиент да им испратам упатство за етика. Ова упатство вклучува правила и мерки за здравје, безбедност, заштита од СПИ и сл., се со цел да се заштитам. Поточно, ова значи информирање на клиентите на што треба да внимаваат пред да дојдат кај мене, при тоа имајќи предвид дека здравјето и безбедноста ми се на прво место”. Безбедност Продавањето сексуални услуги не е нелегално, но поседувањето и управувањето со бордел е спротивно на законот. „Законите за управување на бордели се строги, на пример, ако работам од дома како сексуален работник, при тоа имам цимерка која има дечко, и ако тие имаат секс во станот, тогаш тоа се смета за поседување на бордел”, објаснува Харпер. Харпер само еднаш се почуствувала несигурно откако го напуштила борделот, а тоа било кога во нејзиното маало била убиена сексуална работничка која работела самостојно. „Ти само си мислиш дека е безбедно да нудиш услуги на Интернет, а сепак на нејзино место би можело да бидам и јас”. „Оваа држава ги прифаќа даноците што ги плаќам, но не прават ништо за да го заштитат моето здравје и безбедност”. 11