S-Work No.67 67 | Seite 12

Социјалните медиуми се несигурни
„ Социјалните медиуми можат да бидат стресни“, вели Харпер. „ Ние ги ставаме нашите апсолутно најдобри фотографии со цел да се прикажеме во најубаво светло. Тоа е во наш интерес, да се обидеме да направиме да изгледаме популарно и што е можно посекси; едноставно се обидувате да им продадете визија за богат, луксузен живот. За жал, ваквото самобрендирање може да има и несакани ефекти, може да направи да се чувствувате многу несоодветно”.
„ Понекогаш ако објавиме фотографии како лежиме во пижами на креветот на нашите приватни профили, на тој начин ги откриваме нашите вистински личности. Тоа може сериозно да влијае на нашиот углед, особено кога си опкружен со фотографии од навистина атрактивни млади жени кои можат да ви бидат голема конкуренција. Да не заборавиме, јас сум постара сексуална работничка, и тоа може негативно да влијае врз мојата работа”.
Мажите секогаш се привилегирани
Платформите на кои ги нудиме сексуалните услуги се водени од мажи и наменети се за мажи, вели Харпер. „ Доколку клиентот се пожали од вас, сите други веднаш му веруваат, но ако ние се обидеме да се пожалиме од некој клиент, тогаш никој не ни верува”.
Некои мажи користат специјално направени сајтови за оценување на сексуалните работници, каде што објавуваат коментари за сексуалните работници и за услугите кои ги добиваат. „ Навистина не можам да поднесам да бидам оценувана од клиентите, особено начинот на кој ги опишуваат сексуалните работници, како да се парче месо на продажба”.
Вашиот профил го гледаат повеќе луѓе
Пријателите и семејството на Харпер знаат дека таа е сексуален работник. „ Се гордеам што работам како сексуална работничка во едно тешко и стигматизирачко општество, бидејќи тоа што го правам навистина не е лесна работа. Јас го користам тоа што животот ми го има понудено и се обидувам тоа да го направам најдобро што можам”.
„ Мислам дека сите сексуални работници се суперхерои”, додава таа. „ Тие се апсолутни борци и јас не чувствувам срам за тоа што го работам”.
* Името Елиза Харпер е псевдоним, со цел да се заштити идентитетот на сексуалната работничка.
12