S-Work No.66 66 | Page 9

Дали некогаш си имала насилен клиент? „Да. Еден дојде и ми се претстави како инспектор и ми извади легитимација со цел да ме заплаши да му дадам услуга без пари само затоа што е инспектор. Јас му реков како за сите, така и за тебе, мене тоа не ме интересира дали си ти инспектор или не. После долго расправање успеав да го натерам да си замине, затоа што немаше пари да ми плати“. Дали работиш сама или пак имаш макро? „Работам сама, затоа што така е побезбедно. Во Македонија полицијата не малтретира и сметам дека е подобро да работам скриено во изнајмен апартамн без никој да знае и на тој начин сум позаштитена. Одам и во хотели, кога клиентите ми се бизнисмени или некои јавни личности, затоа што тие се плашат да не бидат откриени во мојот апартман“. Дали некогаш си се соочила со некаква дискриминација надвор од товјата работа, поради тоа што си трансродно лице? „Тоа се случува често по кафаните, дискотеките и клубовите каде што најчесто излегувам. Понекогаш се случува некој да ме препознае и да каже ова не е женско и да почне да ме навредува затоа што сум облечена како женско. Еднаш ми се има случено да отидам на бензинска да купам цигари и девојката откако ме препозна беше нељубезна кон мене и не сакаше да ме услужи. Исто така, пред една година тројца дечки поминаа со кола, застанаа и ми довикуваа. Едниот од нив ме праша како си, но откако почнав да им правам муабет сфатија дека не сум женско. Излегоа од кола и почнаа да трчаат по мене, ме бутнаа на земја, и ми ја украдоа ташната. Ги пријавив во полција. Полицијата зема изјава, но од тогаш нема никаков одоговор од нив. Мислам дека воопшто не превземаа ништо за случајот поради тоа што сум транс сексуална работничка“. 9