S-Work No.66 66 | Page 10

Дали имаш некаква заштита, правна или здравствена? „ Да, имам здравствена помош, преку невладини организации кои нудат бесплатни здравствени услуги. Редовно се тестирам за ХИВ и други сексуални пренсоливи болести. Внимавам на моето здравје и секогаш користам заштита при секс. Тоа е правило број еден во сексуалната работа“.
Дали се случило некој да побара сексуална услуга од тебе без кондом? „ Ми се случува да. Често пати, ми нудат повеќе пари за да бидам со нив без заштита и за време на секс се случува некој клеинт без да видам јас да го извади кондомот, меѓутоа не може да ме излаже бидејќи многу внимавам. Едноставно не прифаќам секс без кондом. Колку и да ми се потребни парите, сепак тие ми се помалку важни од мојот живот и моето здравје“.
Дали заработуваш доволно од сексуалната работа? „ Па, можам да кажам дека за стандардот што го имаме тука во Македонија, да заработувам добро. Со парите што ги заработувам имам за секојдневните трошоци, да платам кирија, комунали, и секако ми останува за да прошетам, да се облечам и да уживам“.
Како е да се биде трансродно лице во твоето опкружување? „ За мене знаат сите со кои сум и што работам, така што одамна сум ги решила тие проблеми. Јас лично немам никаков проблем да им кажувам на сите дека сум трансродно лице, кој ме прифаќа, супер, кој не, тоа воопшто не ме засега. Да тешко е да си поразличен од другите во нашето општество, меѓутоа ова го кажувам од лошите искуствата кои мои пријателки исто така транс сексуални работнички ги споделувале со мене. Сметам дека доколку си изграден како личност и го сакаш тоа што го правиш, нема да дозволиш други да ти влијаат“.
10