в
Трансродна сексуална работничка: „ Доколку си изградена како личност и го сакаш тоа што го правиш, никој не може да ти влијае“.
Во Р. Македонија има голем број трансродни лица кои се занимаваат со сексуална работа. Повеќето од нив работат тајно во изнајмени апартмани или сопствени станови и не излегуваат во јавноста бидејќи секојдневно се соочуваат со стигма, дискриминација и насилство. Сексуалните работници, особено трансродните лица вклучени во секс индустријата, иако самостојно ја избрале оваа работа, сепак постојано се соочуваат со стереотипи од општеството.
Во продолжение, една трансродна сексуална работничка отворено зборува за својата работа, интимниот живот и нејзиното опкружување. Не е откриено незјиното име со цел да се зачува нејзиниот идентитет.
Кога започна да се занимаваш со сексуална работа? „ Оваа работа ја работам уште од најрана возраст. На 16 години почнав да се облекувам како женско по дома, затоа што така се чувствувам најубаво. Потоа, почнав да ги ставам сликите на сајтови за запознавање кои беа популарни во тоа време. Една личност откако највероватно му се допаднале моите слики, ми понуди пари да бидам со него и јас секако отидов на средбата. Сфатив дека парите ми се добредојдени и оттогаш активно сум вклученса во сексуалната работа“.
Како се чувствуваше кога се сретна со твојот прв клиент? „ Малку бев срамежлива на почетокот, бидејќи знаев дека спијам со него за пари. Ми беше неудобдно, но потоа како минуваше времето имав се повеќе клиенти, станав поискусна и воопшто не ми беше срам“.
Колку години се занимаваш со сексуалната работа и дали клиентите ти прават проблеми дека си трансродно лице? „ Па, повеќе од десет години ја работам оваа работа. Проблеми не ми прават, бидејќи однапред им кажувам дека сум транссексуалец и тие што сакааат такви како мене воопшто не им пречи. Со самиот изглед како женско и тие што претходно никогаш не биле со трансродни сексуални работници се предомислуваат и сакаат да пробаат нешто ново во својот живот, да експериментираат и слично“.
8