Навистина е фрустирачки тоа што сексуалните работници кои велат дека имаат многу да придонесат за кампањата MeToo и за намалување на сексуалното насилство се целосно отфрлени и дискриминирани.
Сексуалните работници често се маргинализирани од страна на феминистичките движења. Се уште сексуалните работници и сексуалната работа претставуваат табу тема особено во пооконзервативните општества. Некои феминистки, меѓу кои и Глорија Стајнем, веруваат дека сексуалната работа ретко е самостоен избор. Таа верува дека повеќето сексуални работници работат не секогаш по своја волја.
Се уште не постојат сеопфатни и ажурирани статистички податоци за тоа колку сексуални работници во САД доживеале сексуално насилство. Сепак, според истражувањата на глобално ниво, од 45 % до 75 % од сексуалните работници доживуваат сексуално насилство на работното место. Најчесто сексуалното насилство и малтретирање се случува кога клиентот ќе ги премине границите во сексуалниот чин, кои пак се поставени од сексуалниот работник. Откако ќе бидат одбиени, понекогаш клиентите стануваат насилни. Ова се случува и кога не успеваат да платат за услугите.
Сексуалните работници, исто така, велат дека не сакаат да пријават сексуално насилство во полиција, бидејќи стравуваат од можноста да бидат уапсени или пак нападнати.
Сексуалните работници се честа мета на злоупотреба од страна на полицијата која вклучува напади, сексуално малтретирање, јавни родови претреси, па дури и силување. Според многу изјави на сексуални работници, многу често се случува полицајци да ги принудуваат сексуалните работници да им дадат услуга во замена за избегнување на апсење, парична или затворска казна.
Со цел да се заштитат и да ги избегнат насилните клиенти, сексуалните работници имаат свои начини за да се предупредат меѓусебно и да одбегнат лоши ситуации. Многу често ги споделуваат своите лоши искуства со другите сексуални работници и при тоа имаат листа на насилни клеинти кои треба да ги избегнуваат. Сексуалните работници често се организираат и здружуваат и на тој начин им полесно да работат или пак да ги застапуваат своите права.
5