S-Work No.66 66 | Page 4

Сексуалните работници се особено ранлива група и постојано се изложени на сексуално насилство на своето работно место и имаат потешкотии тоа да го пријават во полиција. Според изјавите на Sex Workers Outreach Project, кај cексуалните работници, особено кај транссексуални сексуални работници, постои поголем ризик да станат жртви на насилство. Активистите, поддржувачите на сексуалните работници, како и застапниците на нивните човекови права кога користат терминот „сексуални работници“ мислат на луѓе кои самостојно избираат да се вклучуват во секс индустријата, а тука спаѓаат ескорти, придружници, стриптизери, еротски терапевти за масажа, порнографски актери, секс-оператори, модели на веб-камера итн. Доброволната сексуална работа не треба да се меша со трговијата со сексуални работници, каде луѓето се принудени да работат во услови на закани и принуди. За време на онлајн кампањата, голем број сексуални работнички ги постираа своите MeToo животни приказни на социјалните мрежи. Поголем број од нив тоа го направија анонимно, со цел да избегнат потенцијални правни реперкусии, стравувајќи дека би можеле да бидат откриени. Како што вели Хил, на повеќето им беше срам да ја споделат својата приказна, бидејќи ова феминистичко движење воопшто не ги поддржува сексуалните работници, при тоа сметајќи дека истите не можат да бидат жртва на сексуално насилство. „Не сите жени се поддржани во движењето #MeToo”, вели Крис Сардина, директор на организацијата за правата на сексуалните работници - Desiree Alliance, воедно и сексуален работник. 4