S-Work No.66 66 | Page 3

3-ти март, Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници, треба да биде мотив за размислување за сите нас. Светот е во стремеж за исполнување на Милениумските развојни цели, ветувајќи промовирање родова еднаквост и зајакнување на човекови права за сите, како ефективни начини за борба против сиромаштија, глад и болести. Сите цели меѓусебно се поткрепуваат, но дали овие цели навистина можат да се постигнат со исклучување на сексуалните работници? Оваа година СТАР-СТАР за Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници ќе организаира „Недела на човекови права”. Во рамките на оваа недела предвидени се работилници, предавања и проекции на теми поврзани со промоција и унапредување на правата на сексуалните работници. Истите ќе бидат одржани во просториите на СТАР- СТАР секој ден започнуваајќи од 02/03/2018 до 09/03/2018 (само во работни денови). Предвидените активности во рамките на „Недела на човекови права” ќе бидат наменети само за заедницата на сексуални работници Со еднакви и достоинствени права за сите, светот би бил убаво место за живеење! Сексуалните работници велат дека се изоставени од феминистичката кампања против насилство #MeToo - „Не сакаат да вклучуваат жени како мене“ Како и милиони други луѓе, така и Мелони Хил ги искористила социјалните мрежи минатата есен за да каже MeToo. Минатиот октомври, 36-годишната жена, сексуална работничка од Балтимор, на својот приватен блог и својот Фејсбук профил објавила дека била жртва на сексуално насилство. Но, наместо да добие поддршка, Хил вели дека добила пораки што велат дека таа заслужува да биде сексуално нападната, бидејќи 20 години работи во секс индустријата. „Тие не сакаат да вклучуваат жени како мене”, вели Хил, кој работи како сексуална работничка истовремено и како модел на веб-камера. „Со сигурност ќе речат дека сме само курви. Како може една курва да биде сексуално малтретирана? Морам да признаам и јас неколку пати сум си го рекла истото“. Кампањата MeToo која минатата есен ја започна актерката Алисиа Милано, имаше за цел да ја покрене јавноста особено жените јавно да говорат за сексуалното малтретирање и вознемирување. Таа на својот Твитер профил објавила : „Ако сте биле сексуално нападнати или малтреирани, напишете МеТоо како одговор на оваа порака“. Пораката за миг се проширила на социјалните мрежи, при тоа илјадници жени го споделувале своето непријатно искуство. Една од нив била и Мелони Хил. 3