3-ти март - Mеѓународен ден
на правата на сексуалните
работници
Сексуалните работници од целиот свет го одбележуваат 3-ти март – Меѓународниот ден на
правата на сексуалните работници. Идејата за одбележување на овој ден датира уште од 2001
година, кога повеќе од 25000 сексуални работници се собрале на фестивал во Индија. Како
организатор на целиот настан стои Комитетот на сексуални работници Durbar Mahila Samanwaya
со седиште во Калкута, чие членство брои повеќе од 50000 сексуални работници. Оттогаш,
секоја година се слави 3-ти март од страна на сексуалните работници, нивните поддржувачи и
активисти од целиот свет.
Сексуалните работници се социјално исклучена група која секојдневно се соочува со стигма
и дискриминација од страна на општеството, полицијата и институциите. Во Р. Македонија,
сексуалните работници живеат и работат во небезбедни услови и се во постојан страв од
малтретирање, насилство и злоупотреба. Стравот се јавува поради непостоење регулирани
законски мерки кои ги ограничуваат основните права и слободи на сексуалните работници да
живеат и работат како луѓе еднакви со сите други во општеството.
Поради непостоење на организирано делување за поддршка, промовирање и унапредување на
основните човекови права на сексуалните работници, страдањето и тортурата се рефлектираат и
врз нивните семејства, пријателите, нивните деца, како и врз нивните брачни партнери.
2