S-Work No.66 66 | страница 6

Дали сексуалната работа може да помогне во лекување на траумата и анксиозноста? Кармен Шакти е сексуална работничка која отсекогаш сакала да стане психолог. Иако не завршила соодветно образование, сепак желбата да им помага на луѓето и била голема. По самопрогласеното „искуство за лекување“ заедно со својот партнер и уште еден професионален сексуален работник, таа сфатила дека може да им помогне на другите да ги надминат анксиозноста и траумата преку сексуална работа. Шакти откако излегла од насилна врска, се фокусирала на лекување од истата, како и на истражување на сексуалноста. Таа сега работи во својот дом во Ванкувер со клиенти кои никогаш досега немале сексуална интимност поради тешки анксиозни нарушувања. „Имав еден клиент кој веројатно беше во своите четириесетти години и кој никогаш досега немал сексуално искуство со друго лице, поради имање сериозен проблем на социјална вознемиреност”, вели таа. По нивната средба, Шакти добила позитивни вести од својот клиент, кој тој и ги испратил на меил. Тој запознал жена, која го заинтересирала и започнал со сопствено сексуално истражување. Лицата со попреченост се уште се соочуваат со социјална стигма и истите се изолирани кога станува збор за сексуална интимност. Според британската анкета на The Guardian од 2014 година, 44% од испитаниците никогаш немале сексуален однос со лице со телесна попреченост и никогаш не би имале. Сепак, процентот е намален од претходното истражување од 2008 година, кога 70% од испитаниците се изјасниле дека не би имале секс со некој со телесна попреченост. Дејв Симингтон најдобро знае за хендикепот и сексуалната врска. Тој има помогнато да се оформи EASE во Канада, која обезбедува застапување и едукација за сексуалноста на лицата со посебни потреби. Тој вели, дека не може да го скрие својот инвалидитет, откако на 19 годишна возраст доживеал несреќа при нуркање, и вели дека сите лица со ментални или телесни нарушувања се невидливи во општеството. „Познавам многу луѓе со телесна или ментална попреченост кои живеат изолирано”, вели Симингтон. „Сепак сексуалната работа е тука да ни помогне да доживееме сексуално задоволство”. Шакти ја користи својата обука и вештини за тибетски тантрички вежби да создаде безбедни услови за своите клиенти кои имаат сексуална траума. Таа врши тантричка масажа, како и вежб