S-Work No.65 65 | Page 9

в

5 работи кои можеме да ги научиме од трансродовите сексуални работници

Општо гледано, сексуалната работа е се уште погрешно разбрана. Сексуалната работа е повеќе од само секс.
Тоа е професија која секојдневно се соочува со стереотипи, иако илјадници вклучени во секс индустријата кои самостојно избрале да заработуваат на овој начин се дел од една поголема и поразновидна група луѓе.
Во однос на трансродовите сексуални работници, може да се каже дека нивните проблеми се зголемуваат поради нивниот родов идентитет и сексуална ориентација. Повеќето од нив се соочуваат со дискриминација од страна на своите клиенти, а оние кои се обидуваат да ја напуштат оваа професија, наидуваат на голем број пречки, при тоа не можат да најдат работа на друго место. Шери Шеркуеса( 26), трансродова сексуална работничка и Никол Хусин( 23), бивша ескорт девојка раскажуваат за своите искуства и предизвици како трансродови сексуални работници.
Двете трансродови жени се родени како мажи. Никол на 18 годишна возраст направила неколку операции за трансформација на своето тело, вклучувајќи импланти на гради и колкови, додека пак Шери прима хормонски терапии во изминатите осум години.
• Сексуалната работа воошто не е лесна
Заработувачката од сексуалната работа можеби е добра, но добивањето на клиенти не е лесно за трансродните сексуални работници. Некои клиенти едноставно не сакаат да им се приближат, откако ќе дознаат дека се трансродови лица.
Шери која работи како сексуален работник веќе 6 години вели: „ Луѓето можеби мислат дека ако заработуваш 50 долари за половина час и при тоа имаш 10 клиенти во текот на денот, тоа е навистина висока сума пари која ја добиваш”.
„ Но, јас немам 10 клиенти дневно. Истото важи и за ескортите, обично не наоѓаат повеќе од два клиенти во еден ден”.
9