S-Work No.65 65 | Page 10

Во најдобра варијанта, Шери заработува од 200 до 250 долари, откако ќе помине четири до шест часа работејќи на улица. Но, нејзините месечни трошоци се навистина големи, особено здравствените прегледи на кои редовно мора да оди. „Не е само до облеката, храната и подготовките за моите клиенти, моите месечни трошоци се навистина големи”. • Сексуалната работа во денешно време е сосема изменета Никол, поранешна сексуална работничка која повеќе од 10 години била вклучена во сексуалната работа, се сеќава на едни подобри времиња за оваа професија. „Кога ќе се навртам на тие денови, кога првпат излегов на улица, не имаше најмалку 20. Сега, работат само три од нив”, вели таа. Во времето кога Никол работела како сексуална работничка, било многу полесно за сексуалните работници повремено да мигрираат од една држава во друга со цел да дојдат до поголема заработувачка. Сега нивното движење е ограничено. • Сексуалните работници нудат услуги на Интернет Во последно време се повеќе млади сексуални работници кои неодамна ја започнале да ја работат оваа работа ги нудат своите услуги онлајн. Сметаат дека ова е побезбеден начин да дојдат до своите клиенти, отколку да излезат на улица. Шери, како една од истражувачите на Проект Х, што всушност претставува група за заштита на правата на сексуалните работници, вели дека иако пристапот до овие млади сексуални работници кои се одлучиле да работат онлајн е многу потежок, сепак прави големи напори за да ги вклучи истите во програмата за нивна заштита. „Ние ги наоѓаме на Интернет, потоа ги тераме нашите волонтери да контактираат со нив и доколку им е потребно да им обезбедат правен совет и бесплатни кондоми “, вели Шери. 10