S-Work No.65 65 | Page 11

• Работите со клиентите можат да станат емотивно комплицирани
За разлика од проститутка, термин за кој има многу стигма и предрасуди, терминот сексуален работник е широко прифатен за опишување на луѓето кои ја работат оваа работа.
„ Во сексуална работа, сепак стои зборот работа. Сепак, платени сте за физичките и менталните фактори кои се вклучени во оваа професија”, вели Шери.
За разлика од просечниот сексуален работник, ескорт придружниците нудат повеќе услуги, не само секс.
Најчесто ескортите ги нудат своите услуги на Интернет, и за истите наплатуваат многу повеќе во споредба со просечните надоместоци кои ги добиваат сексуалните работници кои работат на отворена сцена. Ескортите нудат малку поспецифични услуги поврзани со фетиши како на пример садизам и мазохизам.
„ Заработувачката кај ескортите кои нудат специфични услуги е поголема, затоа што повеќето сексуални работници немаат такви вештини... Ако не сте искусни, може да ги повредите вашите клиенти”, објаснува Шери.
• Која е причината на трансродните лица да започнат со сексуалната работа?
Повеќето трансродови сексуални работници започнуваат со сексуална работа веднаш по започнувањето со хормонска терапија или евентуално по промената на полот.
„ Повеќето, ако не и сите, се вклучуваат во секс индустријата веднаш по нивната транзиција во младоста. Некои дури и ги напуштаат училиштата и следејќи го примерот на нивните постари трансродни пријатели се впуштаат во оваа работа“, објаснува Шери.
Исто така, голем е бројот на трансродни лица кои започнуваат со сексуалната работа, поради тоа што не можат да најдат друга работа. Најголемата причина за ова е тоа што работодавачите не сакаат да ангажираат трансродови луѓе за свои работници.
„ И покрај тоа што можеби имаме соодветно образовние или искуство, ние не можеме да се вклопиме во нивните описи за работно место со изговор дека нашиот сегашен идентитет не се совпаѓа со нивното резиме. Едноставно, тие не сакаат трансродно лице да биде дел од нивниот тим”, вели Шери.
11