Во Амстердам, работев се додека не се впуштив во една ужасна, насилна врска. Пушевме крек, шверцувавме трева и таблети до Јужна Африка и назад. Поради него, ја оставив сексуалната работа, нему му се гадеше од тоа, иако и двајцата работевме многу пострашна работа од било која друга. Во тоа време бев очајна на работа, клиентите се жалеа од мене, но мене не ми беше гајле.
Едноставно не бев способна да ги задоволувам клиентите, изгубив самодоверба особено за тоа како изгледа моето тело... Еден клиент заврши целиот во крв поради мое невнимание. Се сеќавам дека ми рече: „ Ти баш и немаш искуство во ова, зарем не?“ Навистина тоа беше голем срам.
После Амстердам, работев ширум светот во следните шест години – Сиднеј, Њу Орлеанс, Лондон. Не ми беше лесно воопшто. Но сепак имаше и добра страна, ќе работев турбо две недели, потоа две недели одмарав.
Никогаш не сум гледала негативно на сексуалната работа, сепак истата има големо влијание врз мојот живот. Не само што ги лажев моите родители, го лажев и мојот партнер, отсекогаш ја провлекував таа тајна за која никој не смееше да дознае. Дури и денес, кога сум горда на својата работа, и ми причинува задоволство, сепак не смеам да му признаам на своето семејство, и тоа навистина ме фрустрира.
На 26 години се заљубив и ја напуштив сексуалната работа. Почнав да работам во бар и ми беше многу потешко. Се сеќавам дека по осум часа дневно стоев во шанк. Тоа за мене беше чисто мачење.
Чудно е како на мажите хетеросексуалци им пречи помислата дека некој може да заработува од сексуална работа, особено ако истата е единствен извор за пари. Како да имаат некоја чудна претстава, дека со секоја пенетрација, ние стануваме се повалкани. Тоа е како да не продавам услуга, туку се продавам себеси. Навистина ми е грозна таа перцепција за работите. Точно е дека сексуалната индустрија има многу проблеми, но ова може да се каже за повеќето професии. Би било навистина подобро кога луѓето би посветиле поголемо внимание на другите професии, колку што ние го посветуваме на сексуалната работа.
Со него бев заедно 4 години. Откако раскинавме, мислев дека никогаш повеќе нема да се вратам на оваа работа. Меѓутоа се запознав со некои колеги кои успешно ме вовлекоа во активизмот за правата на сексуалните работници. Сега веќе сум горда на тоа што го работам. Повеќе не работам за друга агенција, сега сум сам свој газда, успевам и да штедам.
Постојат две верзии на сексуален работник во медиумите. Едниот е задоволен, весел, самостоен, заработува добро, ужива во сексот, а другиот е жртва на насилство. Повеќето од нас не се вклопуваат ниту во едната, ниту во другата верзија. Треба подобро да се пропагира. Исто така, неопходно е да се декриминализира сексуалната работа, на тој начин сите инволвирани во оваа професија ќе бидат повеќе заштитени. Се надевам дека еден ден оваа професија ќе се третира како и секоја друга, дека на сексуалните работници ќе им биде дозволено да се организираат и да ги уживаат своите основни човекови права.
8