Кога влегов во собата, ми беше непријатно. Се присетив на советот на жената од агенција, па
веднаш му предложив да се истушираме заедно. Туш кабината беше премала, така што едвај
стоевме двајцата во неа. Забележав дека него му е смешно, беше очигледно дека мисли колку сум
неискусна во ова. И навистина беше смешно, ни малку не беше секси. Откако излеговме, не се
сеќавам каков беше сексот, единствено што знам е дека имавме само секс.
Во тоа време, имеше возач кој ги возеше девојките од еден хотел во друг. Така и мене таа вечер
ме носеше од еден клиент кај друг. Не знаев дека е оставено на мене да одлучам кога ми е доста.
Некаде пред да се раздени му реков „Те молам, вози ме до станот“. Само ми одговори „Нема
проблем“ и веднаш ме однесе дома. Бев изнемоштена, но сепак таа вечер заработив вистинско
мало богатство.
Сексуалните работници често знаат да зборуваат за онаа граница, првиот секс со клиент. Откако ќе
ја поминеш таа граница, нема веќе назад. Обележана си засекогаш. Но, мене оваа работа ми е само
работа, не е дел од мојот идентитет, но луѓето гледаат поразлично на сексуалната работа, дека е
тешко истата да се остави.
Сега кога ќе се присетам, воопшто не ми е жал за тоа. Единствено што ми беше жал е тоа што влегов
во оваа професија практично како невина девојка. Претходно сум била сексуално активна само
со тројца. За прв пат имав оргазам со клиент. Единствено само за тоа ми е криво. Не би рекла дека
имам трауми или последици од тоа време, иако да бидам искрена, тоа не беше идеалниот живот
што си го замислував дека ќе го имам.
Денес се занимавам со активизам, се залагам за правата на сексуалните работници, бидејќи во
времето во кое јас работев како сексуална работничка, не постоеше никаква поддршка. Сите
криевме што работиме, во скоро време започнав отворено да зборувам за мојата професија. Моето
семејство до ден денес не знае за мене. Чудно е колку долго стигмата се провлекува низ оваа
професија.
7