Мојот прв платен секс
Пораснав во еден провинциски град во Англија. Откако наполнив 13 години, можам да кажам дека мојот живот излезе малку од контрола. Не одев на училиште, постојано одев на забави, користев дроги... Доколку можам да го вратам времето назад, со сигурност можам да кажам дека не би го правела тоа повторно. Сепак, тој период многу влијаеше на моето психичко здравје.
На мои 17 години, се преселив во Амстердам заедно со некои од моите пријатели. Сите бевме млади и луди. Колку што паметам, пред 25-тата година од мојот живот, не сум купила дрога со мои пари- секогаш некој друг ми купуваше.
Работев како дадилка, живеев со семејството кое ме вработи, меѓутоа тие воопшто не знаеа како вообичаено живеев. Навечер, излегував, останував цела ноќ, и некаде околу осум часот наутро се враќав во куќата. Воопшто не спиев, ќе се средев малку и веднаш се симнував долу да им направам доручек на децата. Ова го правев неколку месеци по ред, се до една вечер, кога се најдов на трамвајската станица.
Многу убаво се сеќавам на таа вечер, иако од тогаш имаат поминато 20 години. Знам и точно што носев на себе: блуза во црно-бели линии, вреќасти пантолони и Адидас патики. Имав долга смеѓа коса со патец на средина.
Двајца во кола, маж и жена поминаа покрај мене и ме погледнаа. Некако веднаш сфатив што ќе се случува понатаму. Мажот излезе од кола, ми се доближи и ми рече нешто како „ Веднаш штом те видовме, сфативме колку си кул, би можела да се вклопиш во било кој град на светот“. Ме праша колку заработувам, му одговорив околу 50 долари неделно, што и не се многу пари. Потоа ме праша „ Ако сакаш повеќе да заработуваш, јави се на овој број“, давајќи ми 50 долари со напишан телефонски број.
Наредниот ден се јавив на бројот. Иститот ден се сретнав со една жена за која сметам дека беше една од најгламурозните жени кои ги имам видено во мојот живот. Водеше агенција за ескорт девојки во склоп на еден хотел. Се сеќавам ми рече дека и таа работела како придружничка се додека не се вљубила во својот макро, со кој сега ја води агенцијата.
Веднаш ми објасни како оди работата: влегуваш во соба, облекуваш секси долна облека, му предлагаш да се истуширате заедно. Првиот клиент ми беше еден млад Англичанец со кој бев во еден евтин хотел. Заработував по 50 долари на час, што за мене преставуваше навистина голема сума во однос на тоа колку претходно заработував.
6