S-Work No.65 65 | Seite 5

кои во Шведска купиле или продале сексуални услуги е релативно константен со текот на времето. Во врска со насилството, според една студија од 2014 година објавена во Британски медицински журнал поради криминализација на клиентите, се ризикува безбедноста на сексуалните работници. Во обид да се заштитат, сексуалните работници работат во повеќе тајни локации, каде сепак ризикот од насилство е поголем, брзаат со проценките на своите клиенти, истите се помалку способни да преговараат за практикување сексуални односи со заштита (на пример, користењето на кондоми). Делумно поради сексот без заштита, студијата сугерира дека овој модел кој цели кон намалување на побарувачката на сексуални услуги може да доведе до зголемено ширењето на ХИВ. Шведскиот активист за сексуални работници Пиа Јакобсон вели дека овој закон ги прави сите сексуални работници жртви. Канада ја разгледува можноста да го усвои шведскиот систем, меѓутоа, се заклучува дека законот, всушност, би бил неуставен во Канада, бидејќи со тоа би им се наштетило на сексуалните работници кои се ангажирани во инаку легална активност. Доколку целта е да се пристапи хумано и да се разберат луѓето кои се инволвирани во оваа професија, тогаш криминализацијата на побарувачката на сексуални услуги го прави токму спротивното, односно ги прави секусалните работници жртви. Вистината пак е далеку покомплицирана од тоа. Зошто погрешно се пре зентираат фактите за сексуалната работа? Хутан Хомејунпур, специјалист за принудна работа во МОТ, вели: „Сексуалната експлоатација, поради недостаток на подобар термин, е наречена „сексуална”. Ако барате трудова експлоатација, вели тој, ќе најдете безброј написи за модерното ропство кое вклучува сексуална експлотација, бидејќи тоа е типично поедноставна приказна за раскажување од трудова експлоатација во земјоделството, производството и услужните индустрии”. Според Роналд Вајцер, професор по социологија на Универзитетот Џорџ Вашингтон нема релевантни податоци за сексуалните работници и сексуалната работа. „Големината на примерокот обично е премала, бидејќи сексуалните работници се уште работат тајно и не се откриваат. Добивањето на добар примерок бара повеќе време и пари отколку што повеќето универзитетски истражувачи можат да си ги дозволат. Но, луѓето во секој случај сакаат одговори, добри или лоши, и поради присуството на стигмата врз сексуалната работа, постои поголема веројатност општеството да верува во лошо, “ вели Вајцер. Работам како сексуална работничка речиси цел мој живот. Почнав како тинејџерка, работев 6 години, потоа по кратка пауза уште 12 години. Денес работам со скратено работно време, бидејќи се занимавам и со други работи, но најголем приход остварувам преку секс. 5