S-Work No.65 65 | Page 4

Мит #3 Со криминализација на побарувачката на сексуални услуги ќе се намали сексуалната работа Ефективна политика за сексуална работа може да значи различни работи за различни луѓе. Тоа би можело да значи намалување на бројот на луѓе кои се занимаваат со сексуална работа. Тоа може да значи намалување на насилството кон сексуалните работници или стапката на ХИВ меѓу нив. Политиката може само да ги поттикне жените, но да не ги опфаќа мажите и трансродните лица. Но, само една политика не прави ништо од овие работи. Ќе го споменеме примерот од Шведска, каде е воведен Шведскиот модел - кој го криминализира купувањето на сексуални услуги, т.е. клиентите, а не продажбата, т.е. сексуалниот работник, истиот е прифатен во согласност со пошироките феминистички цели на владата (да, Шведската влада е официјално феминистичка). Тие тврдат дека нивниот закон Sexköpslagen, донесен во 1999 година, бил успешен во намалувањето на сексуалната работа овозможувајќи им на сексуалните работници да излезат од оваа професија, цитирајќи докази од извештајот од 2014 година дека „уличната проституција е намалена за половина од 1995 година”. Но дали е тоа така? Сепак технологијата си го прави своето. Рекламите за нудење секусални услуги се има зголемено за 50 проценти, што укажува на тоа дека сексуалната работа во последните години мигрирала од улица до компјутери, при тоа бројот на лица 4