Сепак, оваа лага за сексуалната работа сè уште се шири особено на Интернет од страна на непрофитни организации кои се борат против трговија со деца и тинејџери, при тоа наведувајќи ги како доказ лажните статистички податоци за просечната возраст и истите ги користат во сопствени истражувања.
Мит # 2 Сексуалната експлотација е најчеста форма на модерното ропство
Податокот за присуството на сексуалната експлотација како најголема причина за трговија со луѓе е пронајден во билтен на ФБИ објавен во 2011 година, кој исто така упатува на статијата за возраст од 12-14 години. Ова актуелно тврдење доаѓа и од невладината организација DoSomething. org, чија мисија е да ги поттикне младите луѓе да дејствуваат: „ Околу 80 % од трговијата со луѓе вклучува сексуална експлоатација, а 19 % вклучува трудова експлоатација”.
Овие податоци најверојатно доаѓаат од студијата од 2009 година направена од страна на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал( УНОДЦ), која ја следеше глобалната трговија со луѓе во 155 земји. Но, кога истата студијата се повтори во 2014 година, бројките беа сосема различни: 53 % се вклучени во сексуална експлоатација, додека 40 % биле поврзани со експлоатација на труд, што е навистина голема разлика и дава сосема друга слика.
Во 2009 година, Си-Ен-Ен објави дека: „ Најчеста форма на трговија со луѓе е сексуалната експлоатација”. По оваа објава следеле голем број негативни коментари и демантирања: „ Поради тоа што почесто се пријавува, сексуално експлоатацијата стана најчест документиран вид на трговија со луѓе, но сепак оваа форма на експлотација се уште не е доволно објаснета и истражена“.
Во меѓувреме, Меѓународната канцеларија на трудот( МОТ) проценува дека 22 % од принудната работа е сексуална експлоатација, додека 68 % се трудова експлоатација. Зошто драстично различни резултати? Се бројат само случаите кои прво биле откриени од страна на полицијата и потоа биле однесени на суд. Потребно е да се комбинираат податоците за криминалот со анкети на различни влади и експерти во одредени земји со цел да се даде веродостојно подобра проценка за обемот на трговија со луѓе.
Во свет затрупан со статистички податоци, многу тешко може да се дојде до заклучок. Едноставно никој не може да каже со сигурност колку луѓе се жртви на трговија со луѓе и колкав е бројот на жртви на сексуална експлотација.
3