Три митови за сексуалната
работа кои им наштетуваат на
сите
Постојат широко прифатени митови за сексуалната работа кои постојано ги уназадуваат
сексуалните работници ширум светот. Политичари и активисти кои ги овековекуваат овие
митови веруваат дека спасуваат луѓе. Наместо внимателно да ги разгледуваат фактите со цел да
се намали насилството и маргинализацијата кои сексуалните работници секојдневно ги трпат,
тие единственото помагаат во одржување на овие штетни стереотипи во нашите глави.
Мит #1
Просечната возраст на која се започнува со сексуалната работа е помеѓу 12 и 14 години
Шокантно е, нели?
Со овој мит се раскажува целата приказна за експлоатацијата и украдената невиност. Сепак,
вистината е разоткриена благодарение на многубројните статистички податоци.
Во 2014 година, неколку угледни новинарски и истражувачки агенции како Атлантик и
Вашингтон Пост успешно го нашле изворот на оваа погрешна информација: студија од 2001
година направена на Универзитетот во Пенсилванија (делумно финансирана од страна
на Министерството за правда во САД), која опфатила само малолетници лица во своето
истражување. Според нив, студијата е застарена, воопшто не е рецензирана и е со сомнителни
наоди (повеќето истражувања укажуваат на просек од околу 16 до 17 години за малолетници
кои почнуваат со сексуална работа).
2