в
„Јас ја избрав сексуалната
работа, не таа мене“
Црната маска од сатен и цирконите
на очите ѝ го криеa ликот, но не и
насмевката и задоволството на оваа дама
дека го работи тоа што го сака - нудење
сексуални услуги, без да се плаши дали ќе
добие физички или вербален напад. Таа
беше една од шестте девојки кои играјќи
во излог на булеварот „Св. Климент
Охридски“ во Скопје, по примерот
на „Улицата на црвените фенери“ во
Амстердам, порачаа да запре насилството
врз сексуалните работници.
„Дамата од излогот“ вели дека заработува
од давање сексуални услуги од 19 години,
а според неофицијалните бројки, таа е
меѓу петте илјади сексуални работници во
Македонија. „Не планирам да престанам
зашто го работам добро. Никому не
пречам, клиентите доаѓаат кај мене
дома. Работам по огласи и препорака, со
дискреција за клиентите. Оној што сака
доаѓа, ужива и плаќа“, рече Дамата од
излогот.
Но, пред пет години и се има случено
немил настан, тројца клиенти ја нападнале
и силувале. Адвокатот ја советувал дека
и да пријави во полиција нема ништо да
промени и на крајот таа ќе излезе виновна
за клевета, бидејќи како сексуална
работничка не може да докаже дека била
силувана и тепана. Минатата година имало
11 пријави за напад во Коалицијата „
Сексуални и здравствени права на маргинализираните
заедници“ и невладината организација „СТАР-СТАР“.
12