„пасивни жртви“ кои треба да се „спасат“ од
активисти против трговија со луѓе и да бидат
вратени во земјите од каде што потекнуваат.
Често тоа се решителни и амбициозни жени
кои мигрираат токму за да избегаат од
предрасудите, дискриминацијата, стигмата
и конзервативноста од нивната средина и
семејството. Со некои жени со кои Агустин
имала прилика да разговара изјавиле дека
им се „допаѓа идејата некој да ги гледа како
убави или егзотични надвор од нивните
родни земји и да побудуваат возбуда кај нив“.
На 15-ти декември, во рамките на деновите против насилството врз сексуалните работници, Лора
Агустин имаше свое предавање за оваа контроверзна тема вклучувајќи ги и нејзините други дела.
Таа несебично ги поддржа сексуалните работници по повод одбележувањето на 17-ти декември
- Меѓународниот ден против насилство врз сексуалните работн