Лора Агустин – Секс на
маргините: миграција, пазари на
труд и спасувачката индустрија
Лoра Агустин е антрополог кој
ја проучува недокументираната
миграција, неформалните пазари на
трудот, трговијата со луѓе и сексуалната
индустрија. Преку својот блог The Naked
Anthropologist, таа е критична во однос
на спојувањето на термините „трговија со
луѓе“ и „проституција“. Лора тврди дека
тоа што таа го нарекува „индустрија за
спасување“ често им припишува статус на
жртва на луѓето (најчесто се тоа жени) кои
направиле свесни и рационални одлуки
за мигрирање знаејќи дека ќе продаваат
секс и кои не се сметаат за жртви. Таа вели
дека ваквите погледи за проституцијата
потекнуваат од тоа што таа го нарекува
„фундаменталистички феминизам“.
Агустин има спроведено истражување за миграцијата и сексуалната работа на границата помеѓу
Мексико и САД, на Карибите, во Јужна Америка и во неколку други европски земји. Исто така,
неколку години има учествувано во истражување со голем број социјални работници со цел да им
помогне на мигрантите во Шпанија. Во 2004 година, добива титула доктор на науки по културни
студии и социологија на отворениот универзитет во Велика Британија.
Во 2004 година, Агустин ја издава својата прва книга, Trabajar en la industria del sexo, y otros tópi-
cos migratorios во Шпанија. Во 2007, ја објавува својата втора книга Sex at the Margins: Migration,
Labour Markets and the Rescue Industry. Во оваа книга, таа тврди дека современите крстоносци и
денешните феминистки кои таа ги нарекува „буржоазиски жени“ против трговијата со луѓе гледаат
на жените како на слаби и ранливи суштества, како лесни жртви на кои им е потребна помош и
спасување од релевантни поединци или институции.
Таа не одрекува дека постојат случаи на присилна миграција, меѓутоа исто така смета дека
мигрантите се многу поголеми космополити и имаат многу полиберални ставови кон слободата на
движење од „западњаците“ кои проповедаат во нивно име.
Според неа, повеќето мигрантки, вклучувајќи ги и оние кои се во секс индустријата, имаат
направено јасна одлука да го напуштат домот и да си ја бараат среќата на друго место. Тие не се
10