Затоа таа и нејзините колешки протестираа за поголеми права на сексуалните работници,
марширајќи низ центарот во Скопје по повод Меѓународниот ден за борба против насилството.
„Кога пријавуваме во полиција ни се смеат, си тераат сеир во смисла `сама си го барала`. Ни велат
- работи нешто друго, мети улици. Понекогаш и полицијата не` малтретира, дури и ни бараат
бесплатни услуги доколку ни помогнат да избегнеме насилство од некој клиент. И така од една
лоша влегуваме во друга полоша ситуација на закани и уцени од луѓе кои работат во институциите“
- раскажува таа.
Дамата од излогот вели дека единствено сака да престанат теророт и стигмата. „Оние кои осудуваат
јавно, кај нас уживаат тајно. Ние сме ја избрале професијата и бараме заштита. Секоја регулација
носи и права и обврски, па и за нас - од плаќање данок до редовни прегледи. Можат да не мразат
затоа што го работиме тоа, но никој нема право да не малтретира“.
Извор: samoprasaj.mk; iks.edu.mk
13