S-Work No.63 63 | Page 9

ќе и носи повеќе пари. Еден ден излегла на улица во тој „дел од градот” и чекала. „Подоцна таа ноќ, го имав мојот прв клиент, незнаев колку да му земам, па му реков 50 доларии тој се согласи“. Приказната на Лука е слична, живеел во Сан Франциско, останал без пари и одлучил да се рекламира на интернет. „Немав храна во фрижидерот ... објавив реклама на интернет ...” Приказната на Тед е сепак поинаква од другите. Тој е бивши зависник од хероин кој не можел да ја финансира својата зависност од 150 до 200 долари на ден. „Една вечер, бев излезен во центарот на градот со мојот пријател/дилер кој е хомосексуалец, и како што се шетавме по улиците да најдеме такво, тој ми кажа дека со мојот изглед можам да направам многу пари. Потоа ми даде неколку контакти... Влегов внатре и за еден дечко ми беше потребно околу десет минути... Направив 200 долари првата вечер”. Тед не е хомосексуалец, но сепак сакал хероин. На тој начин започнал да работи како машки сексуален работник. Денес, веќе не зема хероин, но сепак останал да работи во секс индустријата. Смета дека оваа работа му носи добра заработувачка. Сексуалната работа не е задолжително лоша работа Најчесто во филмовите се прикажува уништување на самопочитта и душата кога ликот за прв пат има секс за пари. Во позадина оди тажна музика, додека ликот плаче губејќи ја својата 9