S-Work No.63 63 | Page 10

самодовербата и желбата за живот - и да, тоа се случува. Никој не тврди дека нема такви случаи, но тоа не е искуство на секоја секоја сексуална работничка, па дури и на мнозинското искуство. Една студија во Цирих открила дека 40% од сексуалните работници изјавиле дека уживаат на своите работни места, што веројатно е повисок процент од оние кои работат во канцеларии и кои повеќето од вас ја читаат оваа статија. Сара, која работи на улица, имала прилично позитивно прво искуство: „Тој само што се врати дома од Ирак ... разговараме за цртани и за ужасните работи што ги видел таму и ми го раскажуваше тоа три часа, а прв пат ме гледа во животот. Мислам дека имавме секс само еднаш”. Како и секоја друга услужна професија, така и сексуалните работници се занимаваат со секаков вид на клиенти. Некои од нив се навистина психотични, повеќето само сакаат набрзина да ја завршат работата и потоа ги снемува, но има луѓе кои навистина се грижат. „Имав срцев удар кон крајот на декември ... но најлудиот дел од сето тоа е како половина од моите редовни клиенти ме посетија во болница. Со нив сум имал само секс за пари, и ништо повеќе, но тие беа таму за мене, кога и не мораа да бидат”, вели Лука. Слободно можете да се ужаснувате од приказните на сексуалните работници, но кој е лошиот во овој случај? Клиентот, кој е неверен на својата сопруга? Општеството, за стигматизирање на неговите нагони до тој степен што мора да го прекрши законот за да ги задоволи? Општеството има тенденција да го обвинува сексуалниот работник, но зошто? Лука, не прави ништо повеќе од давање на услуги платени од согласни возрасни личности. Тој, како и сите други не прави нешто што е штетно за општеството, баш напротив се труди на свој начин да заработи како и секој друг. 10