S-Work No.63 63 | Page 8

Животот како сексуален работник не е воопшто таков како што го замислувате

Како општество, имаме навистина чуден однос кон сексуалните работници. Јасно е дека постои огромна побарувачка за она што тие го нудат( и кој знае уште колку би се зголемил бројот на сексуални работници доколку се легализира нивната работа), но сепак имаме тенденција да ги третираме сексуални работници како штетници. Тоа е навистина многу чудно, имајќи предвид дека ако некогаш постои жртва во целата работа, тоа се самите сексуални работници- а тоа е САМО ако истите ја работат сексуалната работа против нивната волја. Инаку, на кого сме лути?
Повеќето ги гледаат личните искуства на сексуалните работници и причините за започнување со сексуалната работа како еднолични и типични приказни, но ајде овој пат да ја разгледуваме другата страна: Сара( работи како сексуален работник на улица), Марија( сексуален работник во бордел), Лук( машки сексуален работник), Мередит( ескорт девојка) и Тед( машки сексуален работник) имаа нешто сосема различно да кажат.
Луѓето и културата воопшто ги третираат сексуалните работници како штетници
Една студија направена во Сан Франциско покажала дека дури на 83 % од сексуалните работници им бил загрозен животот, а 82 % биле физички нападнати. Една студија за сексуални работници во Колорадо укажа на многу повисока стапка на смртност кај сексуалните работници од онаа на општата популација. Размислете сега кој би бил вашиот најприфатлив тип на убиец? Да, убиството на сексуалните работници е доволно вообичаена фикција во филмовите. Не велиме дека овие приказни се причина за толку многу сексуални работници да бидат убиени, туку алудираме на тоа како општеството ги гледа сексуалните работници, а тоа е дека истите не се третираат како човечки суштества.
„ Седев покрај една жена во полициско комбе( откако имаше полициска рација и не собраа неколку девојки), кога ми рече: „ Зошто не можеш да седиш со тие другите девојки? Дали сте сите курви? Тоа е гадно”. На крајот се дозна дека оваа неверојатна жена е приведена за суровост кон животните... таа си го изгладнувала своето куче. Кој е тука гаден?!” вели Мери.
Секој има различна приказна( и да, некои се тешки)
Од сексуалните работници со кои разговаравме, само еден има ужасна приказна за тоа како се вклучил во сексуалната работа( а тоа е Тед), на сите останати едноставно им биле потребни пари, освен ако не ги сметате сиромашните за ужасни.
На пример, Сара почнала да работи како сексуална работничка поради истата причина што многу луѓе ја работат оваа работа. Таа ја изгубила својата стара работа и решила да започне со нешто што
8