S-Work No.63 63 | Page 7

полицијата, сексуалните работници кои работат на отворена сцена и нивните клиенти се принудени да се преселуваат и работат во поизолирани области, каде што спроведувањето на законот е помалку видливо. Стравот од апсење и полициска злоупотреба го ограничува времето и методите кои сексуалните работници ги користат за безбедна работа со своите клиенти, без да бидат откриени од страна на полицијата.
Декриминализацијата помага во намалување на насилството и злоупотребата од страна на полицијата Онаму каде што сексуалната работа е криминализирана, полицијата ја злоупотребува својата моќ врз сексуалните работници. Полицијата ги апси сексуалните работници и јавно ги омаловажува. Со декриминализација ќе се охрабрат сексуалните работници да ги пријавуваат ваквите случаи против полицијата која во најголем процент од случаите извршува некаков вид насилство врз нив.
Декриминализацијата го олеснува пристапот до правда Законите кои ја криминализираат сексуалната работа се всушност причина зошто сексуалните работници не се чувствуваат безбедно и не сакаат да пријават насилство. Со декриминализација ќе се отстранат ваквите бариери и ќе има поголем број сексуални работници кои ќе можат слободно да се обратат за помош во полиција или суд, без да бидат законски гонети или апсени.
Декриминализацијата го олеснува пристапот до здравствените услуги Декриминализацијата го олеснува пристапот на сексуалните работници до здравствени услуги, при тоа истите ќе можат да се вклучат во повеќе здравствени програми за поддршка. Со декриминализација се зголемува и пристапот на сексуалните работници до бесплатни кондоми и едукативни материјали. Со ова се отвора можност за решавање на проблемите поврзани со стигмата и дискриминацијата со која се соочуваат сексуалните работници од страна на многу здравствени работници.
Со декриминализација се намалува ризикот од ХИВ и СПИ Со декриминализација на сексуалната работа би можеле да се спречат дури до 46 % на нови ХИВ случаи во следната декада. Една неодамнешна студија објавена во The Lancet дојде до заклучок дека декриминализацијата на сексуалната работа има најголема потенцијал за намалување на ХИВ инфекции помеѓу сексуалните работници и до олеснување на пристапот до антиретровирусна терапија. Онаму каде што сексуалната работа е декриминализирана, сексуалните работници се повеќе охрабрени да инсистираат на користење кондоми со нивните клиенти, и секако имаат полесен пристап до тестови за ХИВ и СПИ, како и до соодветни третмани. Во спротивно, криминализацијата ја намалува способноста кај сексуалните работници да преговараат за користење на кондоми со клиентите, а со тоа се изложуваат на поголем ризик од добивање на СПИ и ХИВ.
Декриминализацијата промовира безбедни работни услови Декриминализацијата отвора можности за креирање безбедни услови за работа на сексуалните работници. Декриминализација овозможува здружување на сексуалните работници кои организирано би можеле да ги пријавуваат ризичните фактори на нивното работно место и да инсистираат за добивање на подобри услови.
7