Зошто треба да се
декриминализира
сексуалната работа
Сексуалната работа е криминализирана
по неколку основи, преку забрана за
продавање на сексуални услуги, преку
законите кои забрануваат повикување на
секс, заработувањето од сексуалната работа,
бордели или купување на сексуални услуги.
Криминализацијата и агресивното полициско
работење доведува до зголемена ранливост
кај оваа заедница. Сексуалните работници
се постојано изложени на насилство, изнуда
и зголемен ризик од СПИ, што пак доведува
до немање слобода да преговараат со своите
клиенти во однос на користење на кондоми.
Сексуалните работници живеат и работат во
лоши услови, при тоа се плашат да излезат во
јавноста и да се борат за своите права.
Постојат повеќе причини зошто декриминализацијата на сексуалната работа претставува најдобра
политика за унапредување на здравјето и човековите права на сексуалните работници, нивните
семејства и заедници. Елиминирање на делот од Кривичниот закон кој ги гони сексуалните
работници ќе придонесе до препознавање на сексуалната работа како работа, заштита на нивните
човекови права, зголемување на безбедноста на нивн